W E M 3
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Similar topics
    Latest topics
    » REFORMI REFORMI REFORMI
    ENDOKRINOLOGIJA Empty18th May 2011, 01:26 by wem3

    » PROGRAMI IPHONE
    ENDOKRINOLOGIJA Empty17th May 2011, 23:47 by wem3

    » INFEKTOLOGIJA
    ENDOKRINOLOGIJA Empty17th May 2011, 23:23 by wem3

    » GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
    ENDOKRINOLOGIJA Empty17th May 2011, 22:44 by wem3

    » BODY MASS INDEX
    ENDOKRINOLOGIJA Empty17th May 2011, 22:33 by wem3

    » HEMATOLOGIJA
    ENDOKRINOLOGIJA Empty17th May 2011, 22:01 by wem3

    » PEDIJATRIJA
    ENDOKRINOLOGIJA Empty17th May 2011, 21:58 by wem3

    » PEDIJATRIJA
    ENDOKRINOLOGIJA Empty11th May 2011, 21:22 by wem3

    » GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
    ENDOKRINOLOGIJA Empty11th May 2011, 21:20 by wem3

    Social bookmarking
    Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
    FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
    Medicinari Skopje

    Create Your Badge
    CHECK YOUR HEALTH ONLINE

    ENDOKRINOLOGIJA

    Go down

    20101206

    Post 

    ENDOKRINOLOGIJA Empty ENDOKRINOLOGIJA




    Зголемен ризик за дијабет кај пациенти кои се лекувани со статини

    Според една нова мета-анализа на испитувања на дејството на статините оваа група на лекарства во мала мерка го зголемуваат ризикот од појава на дијабетес мелитус (ДМ) (1). Испитувачите сепак потенцираат дека покрај овие податоци клиничката пракса не треба да се промени кај лица со висок или среден ризик од кардиоваскуларни заболувања (КВЗ), поради малиот ризик од појава на дијабет, наспроти големата корист од намалувањето на LDL холестеролот.
    Податоците укажуваат дека ризикот за појава на ДМ се зголемува за 9% кај пациенти кои користат статини, но ризикот е помал отколку што бил претпоставен во претходните испитувања. Сепак, ова испитување укажува дека статините треба да се применуваат само кај лица со висок и среден ризик за КВЗ.
    Кај сите претходни испитувања популацијата на луѓе заболени од дијабет имале иста корист од статините во однос на намалување на морбидитетот и морталитетот како оние кои не заболуваат од ДМ. Препорачано е да не се прекинува примената на статини кај луѓе кои се во преддијабетна состојба. Овие агенси може да предизвикаат појава на дијабет неколку недели или месеци порано, но само поради тоа не треба да се избегнува нивната примена.
    Опасност од појава на дијабет
    Голем број на поранешни испитувања дошле до конфликтни резултати во однос на ризикот од појава на дијабет кај лица кои користат статини. Поради тоа во ова испитување е направена мета-анализа на 13 студии на статините. Вклучени се испитувања со повеќе од 1,000 испитаници, слично време на следење и следење кое траело подолго од една година. Вкупно 91,140 испитаници се вклучени во мета-анализата. Среден период на следење бил четири години, 4,278 испитаници добиле ДМ, 2,226 од оние лекувани со статини и 2,052 од контролната група.
    Примената на статини е асоцирана со 9% зголемување од ризикот за дијабет, со мала хетерогеност меѓу студиите.
    Табела1. Асоцијација меѓу статините и појава на дијабет


    Според ова нема јасна разлика меѓу хидрофилните статини (правастатин и росувастатин) и липофилните (аторвастатин, симвастатин и ловастатин), иако постои статистички сигнификантно зголемен ризик кај лица лекувани со росувастатин. Сепак испитувачите потенцираат дека ниту еден статин не треба да биде издвоен. Испитувањата во кои бил вклучен и росувастатинот биле изведени врз популација која била со зголемен ризик за појава на дијабет.
    Продолжете со примена на статините - потенцираат клиничарите
    Малата можност за појава на дијабет применета на огромната популација која користи статини не треба да се запостави. Поради опасноста медиумите да ги искористат овие податоци и да ја преплашат популацијата, испитувачите вложиле голем напор за соодветно објаснување на наодите. Слични наоди постојат и за примената на ниацинот. Но,клиничките лекари сметаат дека користа од примената на овие агенси е преголема за да го надвладеат малиот ризик од појава на дијабет. Нивната примена е особено корисна кај пациенти со висок или среден ризик за КВЗ, додека соодносот на ризик/корист е помалку јасен кај пациенти со низок ризик за КВЗ.
    Статините се апсолутно корисни кај пациенти со висок или среден ризик од кардиоваскуларни заболувања.
    Клинички контекст
    Статините значително го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и генерално се смета тека имаат добар сигурносен профил. Сепак, испитувањата на статините укажуваат на конфликтни податоци во врска со ризикот од појава на дијабет.
    Ова испитување било изведено со цел да одговори на бројните прашања за ризикот од дијабет при примената на статини. Преценувањето на клиничката корист или пак потценувањето на ризикот од оваа група на лекови би можело да има сериозно влијание на здравјето на огромен број пациенти.
    Основни карактеристики на испитувањето
    •Целта на оваа мета-анализа на објавени и необјавени рандомизирани испитувања на статините е да се процени поврзаноста меѓу примената на статини и појавата на дијабет.
    •Вклучени се 13 испитувања од 1994 до 2009 година со вкупно 91,140 испитаници.
    •Од овие 4,278 испитаници добиле дијабет, од кои 2,226 од групата на пациенти со статини и 2,052 од контролната група.
    •Инклузионен критериум бил да се вклучат рандомизирани иследувања кои вклучуваат повеќе од 1,000 испитаници во двете групи и се со време на следење подолго од една година.
    •Ексклузиони критериуми биле да не се вклучуваат студии со клинички иследувања кај луѓе со трансплантирани органи или кои се на хемодијализа.
    •Третманот со статини бил асоциран со зголемување на ризикот од појава на дијабет од 9% (OR 1.09; 95% CI 1.02-1.7).
    •Нема забележителна разлика во резултатите меѓу липофилните и хидрофилните статини.
    •Постои мала хетерогеност меѓу испитувањата.
    •Меѓу пациентите кои примаат статини, најголем ризик за појава на дијабет бил забележан кај повозрасните испитаници.
    •Ризикот од појава на дијабет не бил под влијание на вредноста на индексот на телесна маса (BMI) или LDL холестеролот.•Сепак, кај истите тие 255 пациенти, намалување на вредноста на LDL холестеролот за 1mmol/L, предизвикано од примена на статините резултира со 5.4 помалку случаи на КВЗ.
    •Примената на статини доведува до слично намалување на бројот на случаи на мозочен удар, потреба за коронарна реваскуларизација, уште еднаш укажувајќи дека кардиоваскуларната корист е значително поголема од ризикот за појава на дијабет.
    •Испитувањето укажува дека примената на статини доведува до мало зголемување на ризикот од појава на дијабет, кој ризик е мал во апсолутни рамки, особено во споредба со користа од превенција на КВЗ.
    •Корисна е редовна контрола на гликемијата кај постари лица кои користат статини поради особено зголемениот ризик од појава на дијабет кај оваа популација.
    •Нема јасно објаснување како статините го зголемуваат ризикот за дијабет. Тие може директно и независно да влијаат во овој правец или овој наод може да биде комплетно случаен.
    •Малото зголемување на преживувањето кај пациентите кои примаат статини е во контрадикција со зголемениот ризик од дијабет.
    Клиничко значење
    •Во оваа мета-анализа на рандомизирани, контролирани испитувања на статини, тие се асоцирани со 9% зголемување на ризикот од појава на дијабет. Бидејќи апсолутниот ризик е низок, особено во споредба со користа на овие агенси кон КВЗ, испитувачите препорачуваат дека кај пациенти со висок или среден ризик од КВЗ клиничката пракса не треба да се менува.
    •Кај испитаниците кои примале статини, највисок ризик за појава на дијабет е забележан кај повозрасната популација. BMI и нивото на LDL холестерол не влијаеле на промена на ризикот од дијабет. Корисна е редовна контрола на гликемијата кај повозрасни пациенти кои се на терапија со статини поради поголемиот ризик за појава на дијабет кај нив.
    wem3
    wem3
    Admin

    Posts : 140
    Points : 384
    Reputation : 0
    Join date : 2008-04-08

    Character sheet
    MOBILE:
    ENDOKRINOLOGIJA Left_bar_bleue100/100ENDOKRINOLOGIJA Empty_bar_bleue  (100/100)

    https://wem3.forumotion.com

    Back to top Go down

    Share this post on: reddit
    - Similar topics

     
    Permissions in this forum:
    You cannot reply to topics in this forum