W E M 3
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Similar topics
Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
PEDIJATRIJA Empty18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
PEDIJATRIJA Empty11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
PEDIJATRIJA Empty11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

PEDIJATRIJA

Go down

20110511

Post 

PEDIJATRIJA Empty PEDIJATRIJA










Педијатрија

















Улога на перцентилните криви во проценка на растот кај децата
Растот претставува доминантна биолошка активност во првите 20 години од животот,
вклучувајќи го и пренаталниот период, кој условува промени во обликот и
пропорциите на телото, како и промени во физиолошките функции.
Проценката на растот претставува најдобра метода за дефинирање на здравјето и нутритивниот статус кај децата.
Неправилна исхрана и нарушена здравствена состојба од различна
етиологија имаат негативно влијание врз растот и развојот на детето.
За
да се препознае абнормален раст, треба да се познава динамиката на
растот кај децата до потполно созревање која покажува значајни разлики
во поедини периоди од детството. Просечната телесна тежина со која се раѓа доносено новороденче
изнесува околу 3,3 кг. Во првите 2-4 дена од животот новороденчето губи
7-10% од својата телесна маса заради исфрлање на мекониум и урина и
заради мал внес на течности во однос на актуелните губитоци. Овој
физиолошки губиток ќе биде надоместен до крајот на втората недела од
животот, при што кај доените деца постои тренд да ја постигнат родилната
тежина малку покасно во споредба со децата хранети со млечна формула.
Во просек доенчето добива на тежина
околу 1 кг месечно во првите 3 месеци, 0,5 кг месечно на возраст од 3
до 6 месеци, 0,33 кг месечно на 6 до 9 месеци и 0,25 кг месечно на 9 до
12 месеци. Доенче родено во термин околу 5-иот месец од животот двојно
ќе ја зголеми својата родилна тежина, а ќе ја триплицира на возраст од
12 месеци.
Доенче родено во термин расте околу 25 см во
текот на првата година, 12,5 см во втората година, а потоа брзината на
растот постепено се намалува до околу 5 -6 см годишно помеѓу четвртата
година и почетокот на пубертетот кога растот повторно се зголемува на
околу 12 см годишно.
Обемот на главата на раѓање изнесува
34 до 35 см и рапидно се зголемува до 47 см на 1 година, а потоа
брзината на растот се намалува, достигнувајќи просечни 55 см на 6
годишна возраст.
Исто така, со растот се менува и соодносот на горниот со долниот сегмент на телото.
Нормално овој сооднос на раѓање изнесува 1.7, на 3 години е 1.3, а на 7
години станува 1.0. Долниот сегмент на телото се мери од symphisis
pubis до подот.
Перцентилните криви се најчесто користен
клинички индикатор за проценка на физичкиот раст кај детето и се
есенцијална компонента во секојдневниот педијатриски преглед.
Физичкиот
раст на детето се оценува со едноставни мерења на телесната тежина,
телесната должина и обемот на главата за деца на возраст до 36 месеци, а
за постари се прават мерења на телесна тежина, висина и одредување на
индекс на телесна маса (BMI, според англ. body mass index).
Перцентилните
криви се формирани според податоци собрани со мерење на илјадници
здрави деца од страна на Националниот центар за здравствена статистика
во САД и се користат од 1977 година, конструирани за машки и женски деца
на возраст од 0-36 месеци и возраст од 2-18 години. Графиконите за деца
на возраст од 0-36 месеци вклучуваат освен тежина и висина за возраста и
обем на глава, а кај двете возрасни групи се вклучени и криви за тежина
во однос на висина.
Во 2000 година од страна на Центарот за контрола и превенција на болести во САД е направена ревизија
и во новите графикони апликабилни за доенчиња, деца и адолесценти се
содржани 7 перцентилни криви (5, 10, 25, 50, 75, 90, 95-ти перцентил).
За одделни групи пациенти (ендокринолошки, гастроентеролошки) во
употреба се графикони со дополнителна трета и 97-ма перцентилна крива.
Кривите за проценка на индекс на телесна маса (BMI), кои се достапни за индивидуи на возраст од 2 до 20 години ги заменија кривите за проценка на тежина во однос на висина.
BMI се пресметува со делење на телесна тежина во килограми со квадратот
од телесна висина во метри и претставува најдобар параметар за проценка
на обезност кај децата.
За децата со специфични кондиции како
Down-ов и Turner-ов синдром, исто како и за децата со прематуритет се
користат посебни перцентилни криви за следење на растот.
Значењето и
примената на перцентилните криви најдобро може да се објасни со пример.
Кај 4 годишно момче е измерена тежина од 15 кг. На графиконот за висина
во однос на возраста наменет за машки деца се подигнува вертикала од
точка која на апсцисата означува 4 години и хоризонтала повлечена од
точка на ординатата која означува тежина од 15 кг. Вертикалната и
хоризонталната линија се сечат во точка која лежи на 25-та перцентилна
крива. Раст на 25-иот перцентил значи дека 75% од момчиња на негова
возраст се потешки од него, а само 25% се полесни од него, меѓутоа
детето е здраво и покрај тоа што поголемиот дел од децата (75%) на
негова возратс се потешки од него.
Дете кое се наоѓа на 5-та
перцентилна крива може да биде здраво исто колку и дете на 95-иот
перцентил. Дете чија висина или тежина паѓа под 3 (или 5-ти) перецентил,
или се наоѓа над 97 (или 95) перцентил за возраста покажува отстапување
во значителна мерка од најголем дел на децата на иста возраст (95%
односно 97%) и во таков случај треба да се бараат причини за низок или
висок раст, ниска или висока телесна тежина.
Перцентилните криви се
посебно наменети за следење на растот на детето низ подолг временски
период, со месеци и години. Во секојдневната педијатриска пракса далеку
поголемо значење има проценката дали растот на детето го следи општиот
биолошки тренд на раст, а не актуелната висина и тежина за возраста.
Најголем дел од децата следат една иста перцентилна крива за висина и
тежина во најголем дел од својот развоен период, која во добар дел е
одредена од генетскиот потенцијал за раст. Секое поместување на висината
или тежината од првобитната перцентилна крива треба да предупреди на
можни нарушувања во растот. Меѓутоа во пубертетот детето често пати може
да ја напушти својата првобитна перцентилна крива, што не значи
патолошки пореметување на растот, туку само биолошка варијабилност на
времето кога настапува пубертетот.
Следните табели претставуваат примери на перцентилни криви за следење на:
Табела 1. Растот кај адолесценти
PEDIJATRIJA 941088-941280-2593 PEDIJATRIJA 5860t3
Табела 2. Индексот на телесна маса кај адолесценти
Табела 3. Левокоморните димезии

PEDIJATRIJA E06t5
wem3
wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
PEDIJATRIJA Left_bar_bleue100/100PEDIJATRIJA Empty_bar_bleue  (100/100)

https://wem3.forumotion.com

Back to top Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum