Search
Similar topics
Latest topics
TOKSIKOLOGIJA SO URGENTNA MEDICINA
Page 1 of 1
20101206
TOKSIKOLOGIJA SO URGENTNA MEDICINA
РЕКРАТИВНИ ДРОГИ ИЛИ ДAМOКЛОВ МЕЧ? EXTASY!
MDMA – Ecstasy (3,4-methylenedioxymethamphetamine) има репутација на безбедна, стимулирачка дрога која предизвикува само емпатија, чувство на близина со околината, добро расположение и зголемена енергија. Денес е една од најупотребуваните дроги кај младите на возраст од 12-25 год. со изразено халуциногено и стимулирачко дејство. Халуциногеното дејство се должи на иницијалниото пораст на ослободен невротрансмитер серотонин следен со серотониснки пад (еуфорија, зголемена физчка и емоционална енергија, засилена комуникативност, променета перцепција на време). Стимулирачкиот ефект е резултат на зголемено ослободување на невротрнасмитерот допамин и активација на симпатичкиот нервен систем (тахикардија, мидријаза, саливација, зголемена локомоторна активност, хипертермија).
Токсични ефекти од примаrно значење се кардиоваскуларните симптоми, хипертермијата, хипонатриемијата, меморискиот дефицит со хронична невротоксичнот и дегенерација на серотонинските невронски терминали.
Доколку не се стават под контрола, тахикардијата и хипертензијата со зголемениот симпатички дешарж може да иницираат развој на срцева слабост, аритмии, асистолија и смрт.
Хипонатриемијата при употребата на MDMA условува витално загрозувачки ефекти со контроверзни заклучоци во однос на нејзиниот третман и прогноза. Сероtoнинското ослобдување доведува до зголемена секреција на АДХ (антидиуретичен хормон) од хипоталамус со развој на SIADH (syndrome of inappropriate antidiuretic hormone secretion) и зголемена реапсорпција на вода во бубрежните тубули (1).Полидипсијата и подтикнувањето на зголемена консумација на течност за да се избегне дехидратацијата, засиленото потење во комбинација со SIADH условуваат снижување на нивоата на натриум со појава на церебрален и некардиоген белодробен едем (2).
Дополнително дејство има појавата на хипертермија која не е дозно зависна, условена е од енергичната мускулна активност во презатоплена средина и толпа луѓе. Оваа состојба може да услови развој на рабдомиолиза со дисеминирана интравскуларна коагулација, акутна бубрежна инсуфицинација во мозаикот на електролитно - волуменско нарушување (табела1)
Табела 1. Фактори на кои се должи хипонатриемија при МДМА ингестија.
внес на течности поради централна полидпсија и полидпсија поради зголемена перспирација за време на засилена физичка активност (rave party).
АДХ
исполнетост на трет компартаман на ГИТ со течност сиромашна со електролити со брза последоватлна реапсорпција на течности (застој)
интравенска примена на изотонични или хипотонични раствори
помала мускулна маса (жени)
транзиторно акутно засегање на проксимални тубули
естрогени хормони
Брзиот развој на хипонатриемија условува појава на симтоматска хипонатриемија. Тоа се клинички симтоми и знаци на хипонатриемската енцефалопатија: гадење, абдоминална болка, главоболка, лесна поспаност, конвулзии а во тешки случаи со мозочен едем, тенторијална хернијација и респираторен арест како и појавата на знаци за некардиоген белодроебн едем : диспнеа, хипоксемиа , белодробен застој или едем кај млади лица, пред се жени. Тие треба да се главна насока за совет за рестриkција на течности (1л/ден), внимателна примена на изотонични и примена на хипертонични раствори со фуросемид. Доколку развојот на хипонатриемија е постопен пациентите најчесто остануваат асимтоматски.
Основните принципи на лекување на оваа акутната токсичност при консумација на MDMA (Ecstasy ) накратко се прикажани на табела бр. 3 .
Табела бр. 3. Клинички знаци и терапија на акутна токсичност предизвикана од MDMA
Акутна токсичност предизвикана од MDMA
Акутна токсичност Третман
Хипертензија Бета-блокер
Тахикардија Бета-блокер
Хипертермија Ладни облози, IV течности
Хипонатриемија Рестрикација на внес на вода, фуросемид, хипертонични раствори?
Дехидратација Течности ( IV со внимание)
Агитација Бензодиазепини
Хипертермичките и хипонатриемиски компликации кај MDMA во најголема мерка можат да се избегнат. Иако најсигурен совет е да не се употребува дрогата, треба да се препорача рестрикација на течности на 1л/на ден и да се земат во предвид околностите (физичката активност, надворешната температура). И секако секој корисник на Extasy кој ќе почувствува невообичаени симтоми да побара ургентна медицинска проценка.

wem3- Admin
- Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08
Character sheet
MOBILE:
(100/100)
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum
|
|
18th May 2011, 01:26 by wem3
» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3
» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3
» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3
» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3
» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3
» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3
» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3
» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3