Search
Similar topics
Latest topics
INFEKTOLOGIJA
Page 1 of 1
20101206
INFEKTOLOGIJA
Пандемија H1N1
Пандемската инфлуенца H1N1, го разбранува светот но и домашната јавност. И покрај информациите кои постојано се дистрибуираат преку медиумите, здравствените работници сметаат дека се недоволно информирани (со квалитетни стручни информации), особено лекарите од примарното здравство, т.е. матичните лекари.
Светската здравствена организација е онаа која на глобално ниво се справува со овој проблем. На веб порталот на СЗО, во делот: WHO/Pandemic (H1N1)2009, се поместени сите абдејтувани информации за пандемијата на инфлуенца H1N1.
На 12-ти ноември на истата беше објавен Ревидиран водич за клинички третман на хумана инфекција со пандемска инфлуенца (H1N1) 2009, (Clinical management of human infection with pandemic (H1N1) 2009: revised guidance), кој ги обработува клучните точки во врска со справувањето со оваа инфекција на ниво на индивидуален пациент:
-ризик факторите за тешка форма на болеста
-симптомите и знаците на прогресија наболеста,
-дијагнозата,
-третманот на амбулантски и хоспитални пациенти,
-клиничкиот третман во субоптимални услови.
Ревидиран водич за клинички третман на хумана инфекција со пандемска инфлуенца (H1N1) 2009 (Clinical management of human infection with pandemic (H1N1) 2009: revised guidance)http://www.who.int/csr/resources/publications/swineflu/clinical_management_h1n1.pdf
Дијагноза:се поставува врз основа на симптомите и знаците кај пациент во средина каде е потврдено присуство на болеста. Пациентот се советува повторно да се обрати кај својот матичен лекар долколку се јават знаци за прогресија на болеста:
-Перзистентна пирексија подолго од 3 дена,
-Диспнеа или цијаноза,
-Појава на сукрвичав или обоен спутум, градна болка или низок крвен притисок,
-Кај деца забрзано и отежнато дишење
-Дехидратација и последична мачнина или олигурија.
Дијагностичко тестирање за потврда на пандемска инфлуенца е приоритет кај пациенти кои се во ризичните групи за тешка форма на болеста. Но, третманот никако не треба да се одложува со чекање на резултатите од тестирањето.
Третман: сеуште најчеста е лесната форма на болеста каде третманот се состои од симптоматска терапија, со акцент на улогата на лекарот во едукација на пациентот да ја препознае прогресијата на болеста. За бремените жени се препорачува рана антивирална терапија при сомнеж или потврдена болест. Исто така ран антивирален третман се препорачува и за новороденчиња и деца до 2 годишна возраст, особено доколку имаат некоја болест како подлога.
Општо антивирална терапија се препорачува:
-кај пациентите со тешка или прогресивна болест;
-пациенти со лесна клиничка слика но со ризик за тешка форма на болеста: бремени жени, доенчиња и мали деца, лица со хронични проблеми на респираторниот систем;
-антивирален третман не е нужен за лица со лесна, некомплицирана форма на болеста кои не се наоѓаат во некоја од ризичните групи.
Кај доилките не се препорачува прекин на доењето додека трае антивиралниот третман.
Третман во субоптимални услови: во овој водич се поместени и препораки за справување со болеста во услови на ограничени ресурси кога одлуката за начинот на справување зависи од симптомите и знаците на боелста кај секој поединечен пациент од една страна и активноста на болеста во средината. Во вакви услови е значајно да се премине кон децентрализација на антивиралните препарати за да истите станат достапни до сите.
Вакцинација за пандемската инфлуенца H1N1
Пандемската Инфлуенца H1N1, претставува нов вирус, така што на инфекција со него е сусцептибилна практично целата популација. Вакцината против пандемска инфлуенца H1N1, претставува еден од најефикасните начини на заштита. Во 40 земји во светот се спроведуваат национални кампањи за вакцинирање, а СЗО досега има примено информации за истото во 16 земји. Според информации на СЗО досега се дистрибуирани околу 80 милиони дози вакцини, а вакцинирани се околу 65 милиони лица. Пријавени се несакани ефекти, кои со оглед на масата на вакцинирани лица се сметаат за ретки, меѓу кои најмногу бранување предизвикаа десетината регистрирани случаи на Guillain-Barre syndrome:
Неколку прашања во врска со вакцината ја брануваат јавноста:
1.Безбедноста на вакцината, особено за бремени жени и деца, несаканите ефекти итнч
2.Употребата, особено начинот на давање, комбинирањето со вакцината за сезонска инфлуенцач
3.Подготвувањето и достапноста на вакцината;
Мутации на вирусот
Од седиштето на Светската здравствена организација во Женева на 20-ти ноември излезе информацијата за детектирани митации на вирусот, како информација до СЗО испратени од Норвешкиот Институт за јавно здравје . Првите информации за детектирани мутирани форми на вирусот се од април о.г., а досега се регистрирани во Бразил, САД, Јапонија, Кина, Мексико и Украина. Мутираните форми се јавуваат спорадично, а изолирани се кај пациенти со тешка, но и со умерена клиничка слика, така што во моментов нивното значење за јавното здравје е нејасно. Сепак, јасно е дека антивиралните препарати oseltamivir и zanamivir, делуваат и на овие мутирани форми.
Овие и уште многу информации, како и континуирано обновување на информациите од интерес за пандемијата со H1N1, може да се најдат на порталот на СЗО:
WHO/Pandemic (H1N1)2009
http://www.who.int/csr/disease/swineflu/en/index.html

wem3- Admin
- Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08
Character sheet
MOBILE:
(100/100)
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum
|
|
18th May 2011, 01:26 by wem3
» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3
» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3
» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3
» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3
» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3
» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3
» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3
» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3