W E M 3
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Similar topics
    Latest topics
    » REFORMI REFORMI REFORMI
    PSIHIJATRIJA Empty18th May 2011, 01:26 by wem3

    » PROGRAMI IPHONE
    PSIHIJATRIJA Empty17th May 2011, 23:47 by wem3

    » INFEKTOLOGIJA
    PSIHIJATRIJA Empty17th May 2011, 23:23 by wem3

    » GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
    PSIHIJATRIJA Empty17th May 2011, 22:44 by wem3

    » BODY MASS INDEX
    PSIHIJATRIJA Empty17th May 2011, 22:33 by wem3

    » HEMATOLOGIJA
    PSIHIJATRIJA Empty17th May 2011, 22:01 by wem3

    » PEDIJATRIJA
    PSIHIJATRIJA Empty17th May 2011, 21:58 by wem3

    » PEDIJATRIJA
    PSIHIJATRIJA Empty11th May 2011, 21:22 by wem3

    » GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
    PSIHIJATRIJA Empty11th May 2011, 21:20 by wem3

    Social bookmarking
    Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
    FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
    Medicinari Skopje

    Create Your Badge
    CHECK YOUR HEALTH ONLINE

    PSIHIJATRIJA

    Go down

    20101206

    Post 

    PSIHIJATRIJA Empty PSIHIJATRIJA




    “Деменцијата е една од најитните предизвици за лекарите ширум светот. Со порастот на старото население ризикот за деменција расте драматично со зголемување на годините на старост. Како популацијата старее, потребата да се планираат и имплементираат ефективни менаџмент стратегии за потребите во здравството на оваа популација, станува повеќе од важна. Ние мора да најдеме начини за ублажување на неопходниот товар на грижа за луѓето со деменција, кој целиот пречесто паѓа на членовите на семејството, многу од нив може да се веќе и тие стари или и самите немоќни” -Проф. Јорге А Коста Силва (СЗО).
    Повеќето студии сугерираат дека когнитивното оштетување е присутно во 10-15% од индивидуите преку 65 години. Се смета дека Алцхајмеровата деменција е присутна во 60-70% од деменциите, васкуларната во 20%, двете заедно 10%, други 10%.
    Поновите податоци за преваленцијата на деменциите во Европската Унија зборуваат дека деменцијата е значаен општествен и здравствен проблем, една од најчестите болести кај старите и важна причина за неспособност и смртност. Кај лицата над 65 години, преваленција на деменцијата е проценета меѓу 5.9% и 9.4%. Се смета дека во светот најмалку 37 милиони луѓе живеат со Алцхајмерова болест или друга деменција.
    Имајќи ја во предвид старосната популација во Република Македонија и светските критериуми за преваленца кај лица над 65 години, може да се очекуваат голем број заболени од Алцхајмерова болест, што укажува на големото значење на овој медицински и социјален проблем.
    Информациите од Рапортот 2009 на Светската Алцхајмер Асоцијација јасно укажуваат дека кризата со деменциите не може да биде игнорирана. Зголемувањето во глобалната преваленца е заради новите податоци од земјите со низок и среден економски развој. 57.7% од дементните во 2010 ќе живеат во земјите со низок и среден приход. Неконтролирани случаи со деменција ќе наметнуваат енормен товар на индивидуите, фамилиите, здравствениот систем и глобалната економија. Деменцијата има физичко, психолошко и економско влијание на лицето со болеста, на фамилијата, здравствениот систем и општеството. Пр. 40-75% од оние кои се грижат имаат психолошки потешкотии и 15-32% депресија.
    Бихејвиорални и психолошки симптоми кај деменција
    ДСМ 4 и МКБ 10 и повеќе досегашни студии на деменции беа концентрирани на меморијата, а некогнитивните симптоми, односно бихејвиоралните и психолошки симптоми добиваа мало внимание.
    Современата литература сугерира дека БПСД ја сочинуваат главната клиничка компонента на Алцхајмеровата деменција, дека е одвоен синдром кој може да се диференцира од когнитивниот, а подобра детекција и разбирање на овие симптоми се есенцијални за да се овозможи и соодветен менаџмент.
    Студијата на Shah; со сор. испитувајќи ја литературата за БПСД во земјите во развој, заклучуваат дека постои нивно слабо проучување во овие земји. Екер, Ертан, Енгин истакнуваат; дека БПСД се сеуште нова тема во Источна и Југоисточна Европа. Пациентите со Алцхајмерова деменција се видени од психијатрите и невролозите во касните стадиуми. Тие ја истакнуваат потребата од едукација на здравствените професионалци за БПСД.
    Дефиниција на бихејвиоралните и психолошки симптоми кај деменцијата
    Интернационалната психогеријатриска асоцијација ја утврди дефиницијата на Бихејвиоралните и психолошки симптоми кај деменцијата-БПСД како “знаци и симптоми на нарушена перцепција, мисловна содржина, расположение или однесување што често се појавува кај пациенти со деменција”.
    Препорачан термин кој ја опишува разноликата психопатологија што може да се појави кај деменција е Бихејвиорални и психолошки симптоми кај деменција-БПСД. Терминот го опишува хетерогениот степен на психолошките реакции, психијатриските симптоми и бихејвиоралните појави кај луѓето со деменција од билокоја етиологија.
    Значењето на бихејвиоралните и психолошки симптоми е големо затоа што водат до: голема неспособност на пациентот; -зголемена хоспитализација ; предвремена институционализација; побрза прогресија на болеста; страдање за пациентот и семејството; финансиско оптоварување; зголемен морталитет; БПСД одговараат на третман.
    БПСД се појавуваат кај многу пациенти со Алцхајмерова деменција и се главен извор на стрес на семејството, а сместувањето на пациентот во институција може да не го намали стресот, што значи дека само раното интервенирање и третман на БПСД може да го намали стресот на фамилијата и да даде можност пациентот да се задржи во друштвото.
    Фармакоекономските студии документираат зголемени трошоци на грижа за дементниот пациент со БПСД во домовите за нега.
    БПСД се во врска и со морталитетот и има податоци за пократко време на преживување кај пациенти со Алцхајмерова деменција со вакви симптоми.
    БПСД одговараат на терапија, од тука и важноста на нивното откривање и третман. Потребна е процена на нивното присуство, интезитет и според тоа одлука дали е потребен нефармаколошки или фармаколошки пристап.
    Епидемиологија на бихејвиорални и психолошки симптоми кај деменција
    Во литературата е рапортирана широка варијација на процентуалната застапеност на поедини симптоми на БПСД. Mega MS. и сор., Lyketos CG. и сор. истакнуваат дека процентуалната застапеност на БПСД варира зависно дали се работи за епидемиолошка или клиничка студија. Во клиничките студии фрекфенцијата била секогаш повисока, бидејќи интервенција се барала кога ќе се појавело бихејвиорално нарушување.
    Класификација на бихејвиорални и психолошки симптоми кај деменција
    Ниту МКБ-1019, ниту ДСМ 420 не овозможуваат детална дефиниција на бихејвиоралните нарушувања кај деменција.
    Постојат повеќе скали за проценка на бихејвиоралните и психолошки симптоми кај деменција (пр. BEHAVE AD скалата – The Behavioral Pathology in Alzheimer’s Disease, Reisberg; Behavior Rating Scale for Dementia BRDS; Tariot)
    Со новите бихејвиорални методологии може да се направи специфична проценка на бихејвиоралните симптоми кај деменцијата и може да ги одвои когнитивните и функционалните симптоми, со што би можело да се спроведе селективен и рационален фармаколошки третман.
    Феноменологија на БПСД
    Различни БПСД се јавуваат за време на различните фази на деменцијата. Афективните симптоми се поверојатни да се појават порано. Агитирано и психотично однесување се чести кај пациенти со умерено оштетување на когнитивната функција. Друга пак студија покажала дека со компарација меѓу лесна, умерена и тешка Алцхајмерова деменција, не била најдена сигнификантна разлика во фрекфенцијата на делузиите, халуцинациите, агитацијата, дисфоријата, анксиозноста, апатијата и иритабилноста.
    1. Психоза кај Алцхајмерова деменција
    Психозата кај Алцхајмеровата деменција е прикажана со појава на делузии и/или халуцинации со почеток после појавата на дементниот синдром. Публицирана преваленција на психози кај Алцхајмеровата деменција е од 10 до 73% , просечно 34% во клиничката популација, 7 до 20% во заедницата, а многу е повисок во домовите за нега. Lyketsos CG и сор. истакнуваат дека психозите кај васкуларната деменција се помалку чести отколку кај Алцхајмеровата деменција.
    А. Делузии -параноидната и делузивната идеација кај Алцхајмеровата деменција е специфична и најчести се: делузивност дека “луѓето крадат од нив”, “нивната сопствена куќа не е нивна”, “сопругот/та (или тој што се грижи за нив) е заменета личност”, потоа “делузија на напуштеност” , “делузија на неверство”, “сомничавост или параноичност”, на пр. пациентот верува дека е во опасност, планираат да го повредат, “неканети гости живеат во неговата куќа”, дека “телевизиските фигури се всушност присутни во домот, луѓето на телевизија се вистински” и др.
    Б. Халуцинации - пацинетите со деменција може да имаат халуцинации како невистинити визии или гласови. Пациентот изгледа како да гледа, слуша или доживува работи кои не се присутни. Зборува со луѓе кои не се таму присутни. Може да опишува како да гледа некои работи или да се однесува како да гледа нешта невидени од другите. Студиите покажале дека делузиите и халуцинациите се асоцирани со полош исход кај Алцхајмеровата деменција. Особено визуелните халуцинациите биле во врска со побрзо когнитивно пропаѓање и зголемен морталитет.
    2. Депресивност кај Алцхајмерова деменција
    Недостасуваат дијагностички критериуми специфични за депресија кај деменција, повеќето студии рапортираат за преваленција на депресивни симптом и различни степени на застапеност. Депресијата може да биде и прв знак на деменција. Депресивните симптоми се вообичаени на почетокот на Алцхајмеровата деменција и повеќето студии се сложуваат дека депресивните симптоми стануваат се повеќе вообичаени со прогресијата на болеста.
    Клинички карактеристики на депресивните симптоми во БПСД : често флуктуираат, може да се појави во било кој стадиум од болеста, може да биде тригер фактор за агитација, може да биде суспектна со рапидно опаѓање во функционирањето, може да биде придружено со психотични карактеристики
    Апатијата може погрешно да се дијагностицира како депресија.
    Депресијата е често во релација со други бихејвиорални симптоми и пациентите манифестираат поголема дисфункционалност на активностите на дневното живеење и склоност кон влошување на когнитивното оштетување. Повеќе студии потврдуваат дека депресијата е почеста и потешка кај васкуларна деменција отколку кај Алцхајмерова деменција.
    3. Агитација/Агресивност кај Алцхајмерова деменција
    4. Нарушувања во циркадијалниот ритам кај Алцхајмерова деменција
    5. Нарушувања на апетитот и исхраната кај деменција
    6. Измени на личноста и однесувањето кај Алцхајмерова деменција
    Од антипсихотиците во третманот на БПСД се бара сигнификантност во редукција на симптомите, ниска инциденција на седација и екстрапирамидални симптоми, да не ги оштетува дополнително когнитивните функции.
    Антиконвулзанти- може да ги намалат симптомите на агитација и агресивно однесување како терапија во прва линија или во тие рефрактерни на невролептични лекови.
    Антианксиозни лекови-бензодијазепини, иако потенцијалот на нивните странични ефекти ја ограничува нивната општа апликабилност.
    Антидепресиви-селективни серотонин реаптејк инхибитори може да бидат ефективни во третман на иритабилност, агресивно однесување и афективните симптоми или психози.
    Холинестеразни инхибитори- бенефит на когнитивниот дефицит кај Алцхајмерова деменција, но исто така и со можност за влијание на БПСД.
    wem3
    wem3
    Admin

    Posts : 140
    Points : 384
    Reputation : 0
    Join date : 2008-04-08

    Character sheet
    MOBILE:
    PSIHIJATRIJA Left_bar_bleue100/100PSIHIJATRIJA Empty_bar_bleue  (100/100)

    https://wem3.forumotion.com

    Back to top Go down

    Share this post on: reddit
    - Similar topics

     
    Permissions in this forum:
    You cannot reply to topics in this forum