W E M 3
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
REVMATOLOGIJA Empty18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
REVMATOLOGIJA Empty17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
REVMATOLOGIJA Empty17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
REVMATOLOGIJA Empty17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
REVMATOLOGIJA Empty17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
REVMATOLOGIJA Empty17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
REVMATOLOGIJA Empty17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
REVMATOLOGIJA Empty11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
REVMATOLOGIJA Empty11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

REVMATOLOGIJA

Go down

20101206

Post 

REVMATOLOGIJA Empty REVMATOLOGIJA




Препорака за рана и агресивна примена на лекови кои го менуваат текот на заболувањето кај ревматоидниот артритис

Рана и агресивна примена на лекови кои го менуваат текот на заболувањето (disease-modifying antirheumatic drugs - DMARDs) е препорачана кај пациенти со ревматоиден артритис (РА), според резултатите на рандомизирано и контролирано испитување објавено на веб страницата на Arthritis Research and Therapy (1).
Рана примена на комбинација на DMARDs ја успорува радиолошката прогресија на РА во период до пет години. Досега ефектите на раната агресивна терапија со DMARDs на радиолошките знаци при РА не беа познати. Дури и по 11 години од започнувањето на рана и агресивна терапија со овие лекови, се постигнуваат одлични ефекти кај најголем број на пациенти.
Слика1 Рентгенграфија на шака на пациентка со напредната форма на РА.
Целта на ова испитување е да се процени радиолошката прогресија после 5 години од почетокот на лекувањето кај 199 пациенти со рана активна РА. Тие првично биле лекувани со комбинација на 3 DMARDs или DMARD како монотерапија. Пациентите иницијално биле поделени во групи лекувани со метотрексат, сулфосалазин и хидроксихлорохин со преднизолон (FINRACo) или со еден единствен DMARD (првично сулфосалазин) со или без преднизолон (SINGLE). Целта на лекувањето по две години останало постигнување на ремисија, но се овозможувал непречен избор на терапевтици.
Исходот се одредувал преку проценка на вредноста на Larsen score на рентгенграфиите на шаките и стопалата, на почеток на испитувањето, по 2, 5 и 11 години. Испитани биле и рентгенграфиите на големите зглобови после 11 години. Рентгенграфиите на шаки и стопала биле достапни само на почетокот и после 11 години за 65 пациенти во FINARCo и исто толкав број на пациенти во SINGLE групата.
За пациентите во FINARCo групата средната Larsen вредност при 11тата година бил 17, во споредба со 27 кај пациентите од SINGLE групата. Не биле пронајдени ерозивни промени на големите зглобови кај 87% од пациентите во FINARCo групата и кај 72% од SINGLE групата.
Според испитувачите пациентите кои првично биле лекувани со комбинација на DMARD имаат помалку радиолошки промени после подолг временски период во споредба со оние каде лекувањето е започнато со DMARD монотерапија. Резултатите на ова испитување го потенцираат значењето на постигнување на рана ремисија за долготрајниот исход од заболувањето. Пациентите кои постигнале ремисија пред првата година од лекувањето имале значително поблага радиолошка прогресија на промените во споредба со останатите испитаници.
Клинички контекст
Лековите кои влијаат на текот на болеста (DMARD) треба да се применуваат рано и агресивно кај пациенти со ново дијагностициран ревматоиден артиритис (РА) со цел да се индуцира ремисија. Примената на комбинација на повеќе DMARD е асоцирана со подобар исход кај пациентите после 2 и 5 години, во споредба со примена на само еден DMARD при започнување на терапијата.
Ова е продолжување на рандомизираното испитување кое ја споредува ефикасноста на примената на монотерапија наспроти комбинација на повеќе DMARD кај пациенти кои претходно не примале вакви терапевтици. Се испитува радиолошката прогресија на болеста после 11 години.
Карактеристики на испитувањето
•Испитувани се 195 пациенти со РА кои претходно не примале DMARD.
•Пациентите биле рандомизирано поделени во две групи: една каде биле лекувани со комбинација на DMARD (првично метотрексат, сулфосалазин и хидроксихлорохин со преднизолон - FINARCo терапија) и монотерапија со DMARD (првично сулфосалазин, со или без преднизолон - SINGLE терапија).
•Кај сите пациенти цел на лекувањето била постигнување на ремисија.
•После две години, иако целта на лекувањето сеуште била постигнување на ремисија, примената на лекарства била по слободен избор на лекарот.
•Направени биле рентгенграфии на шаки и стопала кај сите пациенти на почетокот на испитувањето, после 2, 5 и 11 години.
•Рентгенграфии на колковите, лактите и рамењата биле направени по 11 години од започнувањето на лекувањето.
•Рентгенграфските снимки биле проценети од рентгенолог кој бил несвесен за испитувањето кое било во тек.
•Промените на снимките на шаките и стопалата биле проценети според Larsen методот, со вредност од 0 до 200.
•Снимките на големите зглобови биле проценети со примена на истиот метод; вредноста од 2 или повеќе била сметана за присуство на ерозивни промени на зглобовите.
•На почетокот на испитувањето 97 пациенти биле во FINARCo групата, а 98 во SINGLE групата; после 11 години овие вредности изнесувале 68 и 70 пациенти соодветно.
•Од испитаниците по 65 пациенти од секоја група имале рентгенграфии на шаки и стопала на почетокот на лекувањето и после 11 години.
•Грубата вредност на промена на Larson скорот по 11 години изнесувал 17 за групата на пациенти лекувани со комбинација на DMARD и 27 кај пациентите лекувани со монотерапија со DMARD.
•Прогресијата на болеста по 2, 5 и 11 години била значително побавна кај пациентите лекувани со комбинација на DMARD.
•Радиолошката прогресија на промените на малите зглобови можела да се предвиди според вредноста на реумаотидниот фактор (RA) и изборот на монотерапија на почетокот на лекувањето.
•Пациентите кои биле во ремисија пред крајот на првата година на лекувањето имале значително побавна прогресија на радиолошки промени на шаките и стопалата по 11 години.
•При проценка на рентгенграфиите на големите зглобови после 11 години, 87% од пациентите лекувани со комбинација на DMARD, наспроти 72% од оние лекувани со монотерапија немале ерозивни промени.
•Бројот на оштетени зглобови не бил различен меѓу двете групи.
•Стапката на прогресија на болеста помеѓу втората и единаестата година била побавна кај пациентите лекувани со комбинација на DMARD.
•Заклучок од ова испитување е дека агресивната примена на комбинација на DMARD на почетокот на лекувањето наспроти примена на монотерапија е асоцирана со побавна радиолошка прогресија на промените на малите зглобови и дека постигнувањето на ремисија во тек на првата година од лекувањето е асоцирана со подобар исход после 11 години.
Клинички импликации
•Примената на комбинација на DMARD во споредба со монотерапија со DMARD при почетокот на лекувањето на пациенти со ревматоиден артритис е асоцирана со побавна радиолошка прогресија на промените на малите зглобови после 11 години.
•Фактори кои се корисни за предвидување на радиолошката прогресија на промените на малите зглобови се вредноста на реуматоидниот фактор (RA) на почетокот на лекувањето, постигнување на ремисија пред крајот на првата година од лекувањето и примена на монотерапија со DMARD на почеток на лекувањето.
wem3
wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
REVMATOLOGIJA Left_bar_bleue100/100REVMATOLOGIJA Empty_bar_bleue  (100/100)

https://wem3.forumotion.com

Back to top Go down

Share this post on: reddit

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum