| | Управата за храна и лекови во САД го одобрува Dasatinib како лек од прв избор во терапијата на хроничната миелоидна леукемија | Управата за храна и лекови во САД (FDA) ги одобри проширените индикации за dasatinib, како лек од прв избор во лекувањето на хроничната фаза на Филаделфија хромозом позитивна (Ph+) хронична миелоидна леукемија (ХМЛ). Дасатинибот претходно беше лек на избор само кај пациенти со резистенција или интолеранција на иматиниб. Слика 1. Периферна размаска од пациент во хронична фаза на хронична миелоидна леукемија
Пациентите сега имаат опција за примена на овој лек кој овозможува подобар одговор на терапијата, се дозира еднаш дневно и нема потреба за гладување. Одобрувањето на FDA беше базирано на преглед на податоците на студија на претходно нелекувани пациенти со ХМЛ во хронична фаза каде биле споредени ефектите на дасатиниб наспроти иматиниб (DASISION) (1). Ова е меѓународна студија во трета фаза каде се споредува ефектот на 100мг дасатиниб и 400мг иматиниб, земени еднаш дневно. Ефикасност Резултатите после една година примената на дасатиниб довела до поголем комплетен цитоген одговор и мајорен молекуларен огдговор наспроти иматинибот (76.8% наспроти 66.2% и 52.1% наспроти 33.8%, соодветно). Средното време на одговор истотака побрзо се постигнува со дасатиниб наспроти иматиниб (3.1 месец наспроти 5.6 месеци за комплетен цитоген одговор и 6.3 месеци наспроти 9.2 месеци за мајорен молекуларен одговор). Податоците од оваа студија окажуваат дека новодијагностицирани пациенти со Ph+ ХМЛ во хронична фаза (ХФ) кои примиле дасатиниб имале повисока стапка на и постигнивале порапиден молекуларен одговор, како и потвреден комплетен цитоген одговор после 12 месеци во споредба со иматиниб. Несакани дејства Најчесто пријавениот несакан ефект на пациенти кои примале десатиниб била миелосупресија (10%), задршка на течности, дијареа, главоболка, мускулоскелетна болка и црвенило. Сериозни несакани ефекти биле плеврален излив (2&, за ¾ степен <1%), крварење (2%), конгестивна срцева слабост (1%) и покачена телесна температура (1%). Трет и четврт степен на лабораториски абнормалности кај новодијагностицирани, претходно нелекувани пациенти со ХМЛ во ХФ кои примаат дасатиниб наспроти иматиниб вклучувале неутропенија (20% наспроти 22%), тромбоцитопенија (19% наспроти 10%), анемија (11% наспроти 7%), хипофосфатемија (5% наспроти 24%) и хипокалемија (0% наспроти 2%). Немало прекин на примената на дасатиниб поради лабораториски абнормалности. Стапките на лабораториски абнормалности биле повисоки кај пациенти со ХМЛ во ХФ кои биле интолерантни или резистентни на иматиниб и кои примиле почетна доза на дасатиниб. Според FDA, треба да се истакне дека тешката тромбоцитопенија, неутропенија и анемија се јавуваат многу поретко кај пациенти со ХМЛ во ХФ отколку кај оние со Ph+ акутна лимфобластна анемија во акутна фаза. Сепак, комплетна крвна слика треба да биде правена секоја седмица во првите два месеци, а потоа на секој месец. Миелосупресијата генерално е реверзибилна и обично се повлекува со намалување на дозата или краткотрајно прекинување на терапијата. Поради потенцијалот за пролонгација на QT интервалот, дасатиниб треба со претпазловост да се применува кај пациенти со хипокалемија, хипомагнезиемија или конгенитално долг QT интервал, како и кај оние кои примаат антиаритмици или други агенси кои доведуваат до продолжување на QT интеравалот и кумулативна антрациклинска терапија во високи дози. Хипокалемијата и хипомагнезиемијата мора да се корегира пред да се започне терпијата со дасатиниб. Слика 2. Молекулата на дасатиниб (десно во 3D)
Интеракции со други лекови Дасатиниб е метаболизиран во хепарот од страна на цитохром P450 изоензим 3А4 (CYP 3A4), и паралелна примена на силни ензимски инхибитори (на пример, ketoconazole, nefazodone, nelfinavir, ritonavir, saquinavir, telithromycin и voriconazole) може да го зголеми ризикот за токсичност. Тесно следење на пациентот и намалување на дозата на дасатиниб терба да биде земена во предвид кога примената на силен CYP 3A4 инхибитор не може да биде избегнат. Сокот од грејпфрут може да ја зголеми серумската концентрација на дасатиниб и поради тоа треба да се избегнува. Заедничка примена на силни индуцирачи пак (dexamethasone, phenytoin, carbamazepine, rifampin, rifabutin, and phenobarbital) може да доведат до потреба за зголемување на дозата на дасатиниб. Растението St.John`s Wart има непредвидлив ефект на серумската концентрација на дасатиниб и поради тоа треба да се избегнува неговата примена. Бидејќи дасатинибот е временско зависен инхибитор на ензимот, лекарот мора да биде претпазлив во примената на субстрати на CYP 3А4 кои имаат тесен терапевтски индекс (alfentanil, astemizole, terfenadine, cisapride, cyclosporine, fentanyl, pimozide, quinidine, sirolimus, tacrolimus, или ергот алкалоиди [ergotamine и dihydroergotamine]). Долготрајна супресија на секрецијата на желудочната киселина со примена на антагонисти на H2 рецепторот или инхибитори на протонската пумпа, може да го намали изложувањето на дасатиниб и не е препорачано; антациди треба да се применуваат барем два часа пред и два часа после примената на дасатиниб. Други индикации Дасатиниб од порано е одобрен за примена кај хронична, акцелерирана, миелоидна или лимфобластна Ph+ ХМЛ со резистенција или интолеранција на иматиниб, како и за третманот на пациенти со Ph+ акутна лимфобластна леукемија со резистенција или интолеранција на претходната терапија. Клнички импликации •FDA ги одобрува таблетите дасатиниб како лек од прв избор во лекувањето на Ph+ ХМЛ во хронична фаза. Клиничкото испитување укажува на значително повисок потврден цитоген и молекуларен одговор наспроти иматиниб; лекуваните истотака побрзо го постигнале терапевтскиот одговор во групата која примала дасатиниб. •Несаканите дејства на дасатиниб кои се јавуваат кај повеќе од 10% од испитаниците се: миелосупресија, задршка на течности, дијареа, главоболка, мускулоскелетна болка и црвенило. Како резултат на миелосупресијата може да се јави потреба за намалување на дозата на лекот или негово краткотрајно прекинување, а комплетна крвна слика мора да биде правена секоја седмица првите два месеци, а потоа на секој месец или како индицира клиничарот. •Паралелна примена на силни инхибитори на CYP 3A4 можат да го зголемат ризикот од токсичност од дасатиниб и може да доведат до потреба од намалување на неговата доза, додека спротивното важи при примената на дасатиниб со силни индуцирачи на ензимот CYP 3A4. Потребна е претпазливост и при примена на субстрати на CYP 3A4 со тесен терапевтски индекс. Долготрајна гастрична супресија со H2 антагонисти или инхибитори на протоската пумпа можат да го намалат изложувањето на дасатиниб и затоа треба да се избегнуваат. Литература 1.Hagop Kantarjian, M.D., Neil P. Shah, M.D., Ph.D., Andreas Hochhaus, M.D., Jorge Cortes, M.D., Sandip Shah, M.D., Manuel Ayala, M.D., Beatriz Moiraghi, M.D., Zhixiang Shen, M.D., Jiri Mayer, M.D., Ricardo Pasquini, M.D., Hirohisa Nakamae, M.D., Ph.D., Françoise Huguet, M.D., Concepción Boqué, M.D., Charles Chuah, M.R.C.P., M.D., Eric Bleickardt, M.D., M. Brigid Bradley-Garelik, M.D., Chao Zhu, Ph.D., Ted Szatrowski, M.D., David Shapiro, M.D., and Michele Baccarani, M.D. Dasatinib versus Imatinib in Newly Diagnosed Chronic-Phase Chronic Myeloid Leukemia. N Engl J Med 2010; 362:2260-2270.
|
|
18th May 2011, 01:26 by wem3
» PROGRAMI IPHONE
17th May 2011, 23:47 by wem3
» INFEKTOLOGIJA
17th May 2011, 23:23 by wem3
» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
17th May 2011, 22:44 by wem3
» BODY MASS INDEX
17th May 2011, 22:33 by wem3
» HEMATOLOGIJA
17th May 2011, 22:01 by wem3
» PEDIJATRIJA
17th May 2011, 21:58 by wem3
» PEDIJATRIJA
11th May 2011, 21:22 by wem3
» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
11th May 2011, 21:20 by wem3