W E M 3
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Search
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Similar topics
Latest topics
» REFORMI REFORMI REFORMI
PEDIJATRIJA Empty18th May 2011, 01:26 by wem3

» PROGRAMI IPHONE
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 23:47 by wem3

» INFEKTOLOGIJA
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 23:23 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 22:44 by wem3

» BODY MASS INDEX
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 22:33 by wem3

» HEMATOLOGIJA
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 22:01 by wem3

» PEDIJATRIJA
PEDIJATRIJA Empty17th May 2011, 21:58 by wem3

» PEDIJATRIJA
PEDIJATRIJA Empty11th May 2011, 21:22 by wem3

» GASTROENTEROHEPATOLOGIJA
PEDIJATRIJA Empty11th May 2011, 21:20 by wem3

Social bookmarking
Bookmark and share the address of wem3 on your social bookmarking website
FACEBOOK Forum for students of medicine Skopje Macedonia
Medicinari Skopje

Create Your Badge
CHECK YOUR HEALTH ONLINE

PEDIJATRIJA

Go down

20110517

Post 

PEDIJATRIJA Empty PEDIJATRIJA





Инхалаторните кортикостероиди го зголемуваат ризикот за дијабет
Високи
дози на инхалаторни кортикостероиди (КС) кои често се применуваат кај
пациенти со хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) се асоцирани
со зголемен ризик за појава на дијабет или потреба за зголемување на
дозата на инсулинот кај пациенти кои се веќе дијагностицирани (1).
Според тоа, кај пациентите кај кои се применува оваа терапија треба
првично да се направи скрининг за хипергликемија, а високите дози на
инхалаторни КС да се применуваат само кога тоа е со сигурна корист.
PEDIJATRIJA Inhalacija%20dete%201Слика број 1. Примена на инхалаторни агенси
Авторите
на студијата истакнуваат дека иако инхалаторните КС пре препорачани
само кај пациентите со тешка форма на ХОББ, денеска тие се препишани кај
повеќе од 70% од пациентите со оваа болест, што ги вклучува и оние со
полесни форми на болеста. Поради зголемувањето на преваленцијата на ХОББ
и дијабетот со зголемување на возраста, битно е да се испита можната
поврзаност меѓу инхалираните КС и влошената контрола на гликемијата.
Испитувањето
е направено со примена на податоци од Quebec health insurance database,
при што била избрана кохорта на новооткриени пациенти лекувани во
период од 1990 до 2005 година поради респираторни заболувања.
Пациентите
биле следени до 2007 година, се до појава на дијабет или прогресија на
дијабетот во субкохортата лекувана со орални хипогликемици. За да се
процени стапката на појава на дијабет и негова прогресија асоцирано со
примена на инхалаторни КС користени биле соодветни статистички
испитувања, корегирани според пол, возраст, тежина на белодробното
заболување и коморбидни состојби.
Од 388,584 пациенти во кохортата,
30,167 имале новооткриен дијабет во периодот на следење од 5.5 години
(инциденција, 14.2/1000/година), а кај 2,099 пациенти имале прогресија
од орални хипогликемици на инсулинска терапија (инциденција,
19.8/1000/година).
Пациенти кои користат инхалаторни КС имале 34%
зголемување на стапката на појава на дијабет, како и стапката за
прогресија на ова заголување.
Највисоките дози на инхалаторни КС,
еквиваленти на барем 1000g/ден fluticasone, биле асоцирани со најголемо
зголемување на ризикот (стапка на ризик за појава на дијабет, 1.64; за
прогресија на дијабетот, 1.54).
Кај пациенти со респираторни
заболувања примената на инхалаторни кортикостероиди доведува до умерено
зголемување на ризикот за појава на дијабет и прогресија на веќе
дијагностицираниот дијабет. Ризиците се поизразени кај пациентите кои во
лекувањето на ХОББ користат повисоки дози на инхалаторни
кортикостероиди.
Слика број 2. Пушењето цигари како примарен ризик фактор за ХОББ
PEDIJATRIJA Inhalacija%20dete%202
Клиничко значење
Инхалаторните
кортикостероиди се почесто се применуваат во третманот на ХОББ, покрај
мешаните докази за ефикасноста на овие агенси кај ова заболување и
податоците кои укажуваат на бројни несакани ефекти при примена на КС.
Авторите на оваа студија претходно го испитувале ризикот за
хоспитализација на пациентите поради пнеумонија при примена на
инхалаторни КС. Притоа, резултатите укажуваат на 70% зголемување на
ризикот за хоспитализација при појава на пнеумонија и зголемен ризик за
смртен исход во првите 30 дена од хоспитализацијата кај пациенти кои
користат инхалаторни КС наспроти оние кои тоа не го чинат.
Сегашното
испитување е направено на сличен начин и контрола како и претходно
споменатото, а резултатите не се дефинитивни. Сепак, укажува на можните
ризици од примената на инхалаторни КС. Тоа укажува на уште еден ризик од
приемната на инхалаторни КС, дијабетот.
Карактеристики на испитувањето
•Податоците за испитувањето се
добиени од базата на податоци во Квебек, Канада. Добиени се податоци за
дијагнозите на пациентите и лековите кои биле препишани.
•Испитувачите
претпочитале пациенти кои примале 3 или повеќе лекови за белодробни
заболувања во изминатата година. Лица со претходно дијагностициран
дијабет не биле вклучени од студијата.
•Главниот исход на
испитувањето е асоцијацијата меѓу примената на инхалаторни КС и
инциденцијата на дијабет која се лекува со орални хипогликемици. За да
се испита како инхалаторните КС влијаат на текот на дијабетот,
испитувачите разгледувале колку возрасни лица кај кои се јавил дијабет и
биле лекувани со орални хипогликемици прогредирале до примена на
инсулин.
•Сегашна примена на инхалаторни КС била дефинирана како
препишан инхалаторен КС кај пациент. Главните резултати на испитувањето
биле корегирани според возраст, пол, тежина на респираторната болест
(проценето според примена на додатни лекарства за ова заболување) и
коморбидитети.
•Испитувачите го стратифицирале ризикот за дијабет при
примена на различни дози на инхалаторни КС, прикажано според
еквивалентната доза на fluticasone: висока (1000g или повеќе на ден),
средна (500 до 999g на ден) и ниска (помалку од 500g на ден).
•388,584
податоци од возрасни лица биле вклучени во испитувањето. Средна возраст
на учесниците била 50.5 години, а 46% биле мажи.
•Средното време на следење било 5.5 години, во кој период 30,167 лица започнале со терапија со орални хипогликемици.
•2,099 пациенти имале прогресија на болеста поради која од орални хипогликемици морале да почнат да користат инсулин.
•Пациентите
со новооткриен дијабет имале и потешки форми на ХОББ во споредба со
оние во контролната група и според тоа имале и малку повисока стапка на
коморбидитети.
•Корегираната стапка на инциденцијата на дијабет кај пациенти кои користат инхалаторни КС изнесувала 1.34.
•Постои
позитивна асоцијација помеѓу дозата на инхалирани кортикостероиди и
ризикот од појава на дијабет (корегирана стапка на инциденција, 1.64).
•Корегираната
стапка за прогресија на дијабетот и потреба за инсулинска терапија кај
пациенти кои користат инхалаторни КС изнесувала 1.34.
•Корегирање на
резултатите за примена на орални КС или присуство на астма наспроти ХОББ
не влијаело значајно на резултатите на испитувањето.
Клинички импликации
•Претходни
испитувања укажуваат на зголемен ризик за хоспитализација како резултат
на пнеумонија, како и зголемен морталитет од истото кај лица кои
користат инхалаторни КС поради ХОББ.
•Оваа студија укажува дека
инхалаторните кортикостероиди кај повозрасни лица, особено нивната
примена во високи дози, се асоцирани со зголемен ризик за појава на
дијабет и прогресија на дијабетот со потреба за примена на инсулин во
неговото лекување.
Литература
1.Suissa S, Kezouh A, Ernst P.
Inhaled corticosteroids and the risks of diabetes onset and progression.
Am J Med. 2010 Nov;123(11):1001-6. Epub 2010 Oct 1.
wem3
wem3
Admin

Posts : 140
Points : 384
Reputation : 0
Join date : 2008-04-08

Character sheet
MOBILE:
PEDIJATRIJA Left_bar_bleue100/100PEDIJATRIJA Empty_bar_bleue  (100/100)

https://wem3.forumotion.com

Back to top Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
You cannot reply to topics in this forum